Противпожарната единица во Штип бележи рекорден број интервенции последнава недела

Од:

Високите температури и небрежноста на граѓаните се причината за пожарите, кои во текот на изминатава недела го зафатија штипскиот регион. Територијалната противпожарна единица последните три дена интервенирала во дури дванаесет случаи, меѓу кои е и гасењето на пожарот во еден производствен капацитет во Штипско.

Според командирот на противпожарната единица во Штип, Киро Патраклиски, најголемиот број пожари се последица на несовесноста на граѓаните, кои во овој период од годината ги палат стрништата на обработливите површини, а притоа не внимаваат на можните последици.

„Би сакал да упатам апел до сите граѓани што во текот на овој празничен викенд ќе заминат од градот, да ги исклучат сите апарати за домаќинство и да внимаваат доколку палат оган на отворени површини“, изјави Киро Патраклиски.

Според податоците со кои располага противпожарната единица, ова е рекорден број пожари за овој период од годината.

Надлежните, сепак, уверуваат дека екипите на противпожарната единица се подготвени да интервенираат во секој момент, но се надеваат дека овој празничен викенд ќе помине мирно и без ниту еден пожар во Штип.
М.Р.

Би можело да ве интересира

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип