На 19-ти април, со почеток во 18 часот на Плоштадот „Македонија” ќе започне протестно возење на мотоцикли со цел подигнување на свеста кај сите учесници во сообраќајот за почитување на мотоциклистите во истиот. Самото возење е под мотото „Погледни двапати, спаси живот”, кое е дел од глобалната кампања на FIM (Светска Мото Федерација) каде што се апелира кај сите учесници во сообраќајот да погледнат двапати пред да завртат со автомобилот за да ги забележат мотоциклистите со што би се спасил живот, соопштуваат од Мотоциклистичка Федерација на Македонија.
Со самото протестно возење, ќе испратиме порака до сите учесници во сообраќајот, до сите институции и организации кои со своето делување на било кој начин се во сообраќајната проблематика да посветат многу поголемо внимание на нашето присутво на сообраќајниците како мотоциклисти. Застрашувачки, поразителни и алармантни се постојаните известувања за настрадани мотоциклисти во сообраќајните незгоди, со што за жал истите веќе се сврстуваат во едни од најранливите категории на учесници во сообраќајот.
Од тука порачуваме до сите оние на кои јавно им признаваме дека со својте возила се посилни од нас:
-Почитувајте ги нашите права на предимство во сообраќајот,
-Не ги кршете сообраќајните правила за да видете наши потенцијални убијци,
-Не гледајте во смартфоните додека возите, гледајте во нас.
-Не возете и во алкохолизирана состајба, сообраќајот не подразвура храброст туку умеење и почитување.
-Гледајте концентрирано и бар по два пати во своите ретровизори, ние сме габаритно помали но сепак постоиме
-Секој судир со вас за нас е секогаш со далеку поголеми последици од вашите
-Потрудете се да бидете повнимателни од порано,
-Почитувајте и направете било што во интерес на поголема безбедноста во сообраќајот.
ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ ПРАВИЛАТА и она што е најважно, ПОГЛЕДНЕТЕ ДВА ПАТИ, СПАСЕТЕ ЖИВОТ!, велат од Мотоциклистичка Федерација на Македонија.