А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Протести во Шведска против ослободителната пресуда за возач од Македонија

by А1он24/11/2014 - 09:23123
Share0

Незадоволни шведски возачи од денеска секој ден до Божик ќе ги паркираат своите камиони по 15 минути на страничната трака на автопатиштата, изразувајќи на таков начин протест против ослободителната пресуда за возач од Македонија во Општинскиот суд во Сундсвал, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Добивај вести на вибер

Во средата Општинскиот суд во Сундсвал изрече ослободителна пресуда за еден 44-годишен македонски возач на тешки товарни возила, кој во октомври годинава беше уапсен со фалсификувана бугарска возачка дозвола и фалсивикувана бугарска патна исправа.

Преку 100 лица имаат поднесено жалба против пресудата, а околу 4.200 возачи досега се потпшишале на протестното писмо кое под наслов „Еднакви услови за шведските транспортни претпријатија“ е испратено до надлежните институции.

Се бараат еднакви услови и правила за сите кои возат во Шведска, независно од државјанството на возачите.

– Сакаме да покажеме дека се грижиме за безбедноста во сообраќајот. Исто така, сакаме да и покажеме на полицијата дека се надеваме оти ќе им бидат овозможени посилни алатки во законот при извршувањето на нивната работа, вели за весникот „Сундсвалс тиднинг“ еден од учесниците во протестите, Кенет Јактлунд, возач од Умео.

Полицијата утврдила дека матичните броеви во документите на уапсениот македонски возач припаѓаат на различни лица, а едновремено не постои бугарски државјанин со името и датумот на раѓање на македонскиот возач.

При сослушувањето 44-годишниот возач од Македонија навел дека поседува важечка македонска дозвола за управување со тешки товарни возила, но дека ја предал кај надлежниот орган при добивањето на бугарски документи. Возачот кај себе имал и дозвола за транспорт на опасни стоки издадена од институција во Македонија.

Освен бугарски документи, возачот имал и македонски пасош кај себе, кој бил користен за влез во Шведска. Тој работел за транспортна фирма регистрирана во јужна Шведска и во моментот кога бил запрен од полицијата возел камион со шведски регистарски таблички.

Според податоци во шведските медиуми, не станува збор за изолиран случај. Моментно во Шведска се води истрага против повеќе слични случаи откриени во сообраќајот. Кон крајот на септември во Вестерос беше запрен друг македонски возач со фалсификувани бугарски документи.

svedska

Би можело да ве интересира

Орбан: Хаосот во Шведска не смее да биде иднината на Европа

Горан Наумовски17/09/2025 - 16:48

Војна меѓу шведскиот и унгарскиот премиер на X: „Земјата ти е е во хаос! Скандалозни лаги!“

Горан Наумовски16/09/2025 - 21:24

Русија го раскина нуклеарниот договор со Шведска

Горан Наумовски29/06/2025 - 17:48

Русија го суспендира нуклеарниот договор со Шведска

Горан Наумовски28/06/2025 - 19:1128/06/2025 - 19:15

Шест лица се уапсени за тројно убиство во фризерски салон во градот Упсала

Горан Наумовски03/05/2025 - 19:45

Афтонбладет: Тројца убиени, убиецот избегал со електричен скутер

Горан Наумовски29/04/2025 - 19:2229/04/2025 - 19:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен