Протестен марш за одземање на мандатот од Зоран Заев

Од:

Група на здруженија утре организираат протест за одземање на мандатот од Зоран Заев од страна на претседателот Иванов, поради, како што кажуваат непридржување кон дадените гаранции и работењето против македонските национални и државни интереси, а за туѓи интереси и рушење на државата.

– Со одземањето на мандатот ќе биде овозможено да се преземат сите неопходни мерки за заштита на уставниот поредок и државата, од сите дејства со кои земјата/државата (Р.Македонија) и Македонскиот народ се ставаат под директна мирна окупација, велат организаторите.

Мирниот протестен марш планирано е да започне во 17 часот пред канцеларијата на делегацијата на ЕУ, каде ќе има обраќање кон ЕУ и НАТО, а потоа маршот ќе продолжи по улицата Водњанска, се до вилата Водно, каде што на претседателот ќе му се предаде протестното барање.

– Истовремено, поради непринципиелните политики кон Р.Македонија, мешањето во внатрешните политики на суверена, независна земја членка во ОН, на соодветен начин ќе се сензибилизира и интернационализира македонското прашање, со запознавање на светската јавност со Вистините за Македонија, и на сите држави, особено оние кои ја признале Р.Македонија под уставното име, од кои ќе браме поддршка поради наметнатата окупаторска диктатура во Македонија и геноцидните планови против Македонија и Македонскиот народ, се вели во повикот.

Како организатори на овој марш се потпишани Здружението на граѓани „Преродба“, Семакедонскиот национален совет Македониум, МПЗ Тврдокорни, Движењето за цивилизациски вредности и Единствениот пат – Движење на македонските носители и бранители на државниот суверенитет, кои повикуваат наместо Македонија да биди „линија на огнот“ да биде мостот на цивилизирана соработка помеѓу источната и западната цивилизација.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

(ФОТО) Паднати дрвја низ цело Скопје, ветрот правеше масакр по улиците

А1он

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Мицкоски: Жена парк и улица Македонија кои за сите скопјани будат многу спомени, сега се во состојба во којашто не треба да бидат