Протест за Тамара: Без амнестија за виновниците

Од:

Над илјада граѓани веќе најавија дека ќе учествуваат на протестот со кој ќе се изрази револтот од односот на Министерството за здравство и Фондот за здравство кои потфрлија во случајот со малата Тамара.

Протестот е најавен за на пладне во Младинскиот парк во Велес, а сите ќе се појават со црвен картон во рацете со што ќе се испрати порака до првите луѓе на Министерството за здравство и Фондот дека не се добредојдени во Велес.

Организатори на протестот се граѓански активисти кои на Фејсбук страницата добиваат се поголема поддршка, а пред се ја имаат дозволата од семејството на Тамара.

-Тамара е секое дете. Дојдете и на мирен начин да покажеме дека знаеме кој е виновен за смртта на нашата Тамара! Да порачаме дека за детскиот живот нема преголема цена. Која Тамара е следна? – Стои во повикот до граѓаните упатен преку социјалните мрежи.

-Апелираме до оние кои имаат намера да го нарушат достоинството на протестот, откажете се, не дозволувајте амнестија на вистинските виновници. Тие имаат име и презиме: Никола Тодоров, – министер за здравство и м-р Маја Парнарџиева-Змејкова и Џемали Мехази директори на Фондот за здравство, наведуваат организаторите.

Тамара на сите ни се заблагодари што ја разбудивме хуманоста. Но на голема жал нејзиниот прерано згаснат живот сите не потсети и на солидарноста. Да бидеме солидарни во тагата, но и да упатиме порака до виновниците оваа недела (15.02.2015) во Младинскиот парк во Велес во 12 часот. МАЈКИ, ТАТКОВЦИ, баби, дедовци…., Тамара е секое дете… Дојдете и на мирен начин да покажеме дека знаеме кој е виновен за смртта на нашата Тамара! Да порачаме дека за детскиот живот нема преголема цена.

Денеска на својот Фејбук профил се обрати и мајката на Тамара.

-После два месеци откако се обративме Тамара доби бесплатно лекување во Чикаго и Германија, а во Македонија три дена после смртта, после три години молење не издржа нејзиното срце. Сите до еден и ја должите вистината на Тамара, мора да одговорате сите.

Screenshot_10

Би можело да ве интересира

Хелсиншки: Недозволиво е постојаното одложување на рочиштата во случајот ,,Тамара’’

ВИДЕО: Вечерва се одржува доделување на музичките награди МАС

Драган Поповски

(ВИДЕО) Царовска: Северна Македонија е на врвот на евровизиската победничка листа со пораката за родова еднаквост и за прифаќање на различностите

Ана Ололовска

Галетановски до македонската дијаспора: Рмбаjте под туѓо сонце и плукајте по се што вреди, никад да не се вратите

Татјана Ташкова

Би-би-си: Импресивниот настап на Тамара овозможи да научиме географија

Татјана Ташкова

Мицкоски: Честитки за Тамара, Македонија вечна

Галена Николовска-Ризвановиќ