Протест за слобода на Кежо, за сите нас

Од:

Денеска во 12 часот, пред Апелацискиот суд во Скопје, ќе се одржи протест против затворањето на новинарот Томислав Кежаровски, кој во петокот вечерта по итна постапка беше спроведен во затворот во Шутка, на доиздржување на затворската казна од три месеци.

Насилничкото затворање на Кежаровски, кој од Апелацискиот суд доби казна затвор од 2 години, го осудија и меѓународните новинарски здруженија, како и здруженијата на новинарите од Балканот, а предизвика револт и во Македонија.

На иницијативниот одбор за негово ослободување, синдикатот на новинари и на ЗНМ, поддршка им најавија и од професорскиот и студентскиот пленум, претставници на невладини организации и на опозициските партии.

Во повикот од новинарскиот синдикат стои:

Добронамерни правдољубиви луѓе-обединете се!

Повик до СИТЕ !

За слобода на Томислав Кежаровски-Кежо, за сите нас.

Дојдете во вторник пред Апелационен суд, во 12 часот

ССНМ ги повикува СИТЕ : новинари, медиумски работници, студенти, професори, вработени и невработени, стечајци, пензионери, синдикалци, хонорарци, „предавници“ и патриоти, „соросоди“, лгбт активисти, определени и неопределени, политичари, партии, членови на партии, симпатизери…СИТЕ!

Земете го вашето срце и чесни намери и дадете ја вашата поддршка на отворена сцена-пред Судот и пред Владата.

Не се плашете од етикети и заокружувања , ние сме сите на истата страна, и дојдете за заедно да и кажеме НЕ на неправдата.

Кежо е експресно фрлен во црна темница како најголем непријател на македонскиот народ, а всушност е чесен новинар кој ви ја кажа вистината-дека тајната полиција мести судски процеси, сведоци и затвора невини луѓе, како што е и самиот тој. Кежо е уапсен за текст напишан пред пет години, а два месеца откако истражуваше за смртта на новинарот Никола Младенов.

Дојдете да реагираме на злото и неправдата кон нашиот колега, да генерираме јасни видици-да ги менуваме работите, а тоа не е лесна задача, не е задача само за малкумина, не е задача само за нас – новинарите.

Ако новинарите не ја кажуваат вистината, како граѓанството ќе го распознава доброто од злото ? Како ќе ги контролираме и држиме на око оние кои ги гласаме и од кои очекуваме да не штитат и да ни овозможат подобар живот, а всушност си овозоможуваат комоција само на себе и ништат се што може да ги загрози ? Како нашето општество ќе расте и ќе чекори напред?

Ова не е новинарска поезија, Кежо е веќе во затворот во Шуто Оризари.

Слободата не е аспрактна идеја, слободата е СЕГА ! Апелационен Суд, вторник, 12

Би можело да ве интересира

На Кежаровски нема да му се суди во „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежо на роденденот повторно на обвинителна клупа за „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежаровски најави нова книга, продолжение на „Живот во кутија“

Ана Ололовска

ФОТО: Домот на Томислав Кежаровски ограбен за новогодишната ноќ

Ана Ололовска

„Живот во кутија“ – прва книга на новинарот Томислав Кежаровски

Ана Ололовска

Кежаровски: Владимир Талески сега не може да избега или да влијае на сведоци?

Емир Латифовиќ