Протест против нелегална сеча на огревно дрво во струшко Подгорци

Од:

Жителите на струшкото село Подгорци втор ден протестираат против нелегалната сеча на огревно дрво во атарот на селото.

Претседателот на месната заедница Мирсад Реџоски информира дека сите активности окoлу сеча и транспорт на дрво од Јавното претпријатие „Македонски шуми“ ќе бидат стопирани се додека не се направи комплетна ревизија, истрага и надзор на лице место.

– Вчера на лице место жители од Подгорци и со службени лица од ЈП „Шумско стопанство“, кои изготвија записник дека бесправно, нечекирани се исечени околу 500 високо стеблести дрва, тврди Реџоски.

Месното население бара од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство под хитно да преземи конкретни активности и мерки за решавање на проблемот во населбата Подгорци.

Ѓоко Маркоски инспектор во Шумска полиција рече дека екипите се на терен и најави официјално соопштение во текот на денот.

Би можело да ве интересира

„Нема да ви пишеме казна, ама ќе ви ги земеме дрвата“ – уапсени вработени во Национални шуми

Анита Петровска Рајковиќ

Фалсификувал дозволи за сечење дрва – наплаќал по 200 евра од камион

Анита Петровска Рајковиќ

Кумановка измамена при набавка на огревно дрво

Нелегална сеча на дрвја во Националниот парк „Пелистер“

Ана Ололовска

Герила акција – Скопските дрвја во синџири

Георгиев: ЈП „Македонски шуми“ за две недели ќе ги испорача и последните количества огревно дрво

Наум Локоски