Протест против градење висококатници во Ѓорче Петров

Од:

Граѓанската иницијатива против урбаното дивеење денеска во Ѓорче Петров одржа протест против бетонизација и градење десетици висококатници предвидени со деталните урбанистички планови од Општината. Од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски бараат да не ги одобрува.

Со возила половина час го блокираа кружниот тек во населба Ѓорче Петров во знак на револт против 20-ина ДУП-ови кои Општината планира да ги донесе во текот на годинава.

– Во паркот во Ѓорче Петров се предвидени 15 згради со висина до 33 метри. Во Јурија се предвидени околу 20 згради со висина од 60 метри. Има висококатници спроти пазарот во Ѓорче, во Хром има 100 нови згради. Кај паркот во Ѓорче се предвидува 1300 жители, во Јурија околу 4000 нови жители, во Хром исто така, изјави Горан Костов од иницијативата.

Тие бараат средба со министерот Бочварски и го повикуваат да не ги одобрува ДУП-овите. Ако не ги сослуша, ќе бараат помош од премиерот Зоран Заев, а најавија дека ќе организираат и нови протести.

Би можело да ве интересира

Илјадници демонстранти се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа

(ВИДЕО) Зеленски потпиша контроверзен закон, започнаа најголемите протести од почетокот на војната

Притвор за седуммина уапсени во Ужице, адвокатите ја прекинаа работата

Десетици илјади луѓе се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа

Вучиќ: Вечерва очекуваме обид за насилство, но државата е подготвена

Денеска во Белград протест на студенти кои блокираат, властите апелираат за мир

Горан Наумовски