Протест против „антиуставниот и дискриминаторски закон за двојазичност“

Од:

Во организација на повеќе движења и здруженија, денеска во 11 часот пред Собранието ќе се одржи протест против, како што нагласуваат организаторите, антиуставниот и дискриминаторски закон за двојазичност.

Во организацијата на протестот се вклучени здружението на граѓани „Преродба“, движењето на македонските носители и бранители на државниот суверенитет „Единствениот макeдонски пат“, Движењето за цивилизациските вредности, организациониот одбор на сенародниот протест за враќање на насилно одземениот суверенитет, со поддршка од „Тврдокорни“ и „Македонски обединети сили“ (МОС). Оттаму наведуваат дека освен утрешниот, ист ваков протест ќе организираат и в понеделник (29 јануари), со почеток од 10 часот.

Организаторите ги повикуваат македонскиот народ и гласачите во земјата утре да се обратат од говорница пред Собранието и да ги изразат своите мислеа и ставови за, според нив, наметнатиот антиуставен закон.

„Со негово изгласување се уриваат темелите на државата, што води кон нејзина дестабилизација и федерализација, ќе го разгорат меѓуетничкиот антагонизам и омразите и ќе создадат уште поголеми поделби, дискриминација на народот и разнебитување на општеството“, соопштија организаторите.

Оттаму додаваат дека протестот е продолжување и дел од сенародниот протест започнат пред 6 месеци „кон непринципиелните антимакедонски политики и одлуки на нелегалните и нелегитимните, инсталирани за спроведување на антимакедонските интереси“. Според најавата, ќе се протестира и за „враќање на насилно одземениот народен и државен суверенитет, за спасување на македонскиот народ и на македонската држава од разнебитување и уништување со цивилизациски геноцид“.

Организаторите наведуваат дека во кампусот на бранителите деноноќно е отворен пункт пред Собранието во Паркот на жената борец, каде што засегнатите граѓани може да потпишат петиција против, според нив, нелегитимните и штетни одлуки, акти, закони, договори, меѓу кои ги наведуваат промената на името, двојазичноста и договорот за добрососедство со Бугарија, што тие не ги признаваат и ги прогласуваат за невладини“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протести на турските новинари против властите

Жените во Полска повторно се уличен протест, го обвинуваат Туск дека не го исполнил ветувањето за либерализација на абортусот

Локалните жители ја блокираа депонијата Краста: Шест месеци сме го голгота

Илјадници Шпанци на улиците поради станбената криза: „Вака повеќе не може“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Берлин се крена против АфД: Илјадници протестираа по изборниот триумф на десницата

Горан Наумовски

Северина застана зад граѓаните кои протестираат во Загреб

Горан Наумовски