Протест на жители на Сопиште, бараат да се реши нивниот проблем со електричната енергија

Од:

Граѓаните кои живеат на Улица 29 во Сопиште велат дека повеќе од седум години имаат проблеми со електричната енергија, а нивните апели до ЕВН Македонија паѓаат на глуво уво. Од денес граѓаните протестираат и медиумски апелираат овие проблеми да си најдат соодветно решение, и 50те домаќинства кај кои се случуваат проблемите да имаат пристап до достоинствен живот.

„Повеќе од седум години над 50 домаќинства кои живеат на улица 29 имаат проблеми со електричната енергија, и апелираат до ЕВН Македонија кои не интервенираат и не ги решаваат проблемите. Од достапни 220 волти во три фази, се случува скоро секој ден да се достапни под 200 волти, а преку викенди не работат барем две фази или воопшто нема електрична енергија. За ова се направени безброј дописи до ЕВН Македонија, кои сеуште го немаат решено овој проблем, а ние празниците ги чекаме со свеќи наместо струјата која редовно ја плаќаме.“ – истакнуваат жителите кои денес протестираа.

Денес тие ја блокираа главната улица „Христо Татарчев“ и во Сопиште со свеќи упатија уште еден апел до ЕВН Македонија да ги реши проблемите со електричната енергија. Дополнително, тие се обратија и до Општина Сопиште да ги поддржи во решавање на овој проблем, и да престане да издава градежни дозволи додека има проблеми со инфраструктурата на улица 29.

Би можело да ве интересира

Протест во Тунис прерасна во судири со полицијата

Протест против странските работници во Риека: Дојдоа 20 луѓе

Вработените на „Паркови и зеленило“,„Флораком“ и „Луна“ најавуваат протести секој ден

(ВИДЕО) Колумбијците протестираат против Трамп, четворица полицајци повредени со стрели

Движењето „Ниту една повеќе“ вечерва изрази револт поради убиството на Росица, како и многу други случаи на фемициди

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград