Протест на жените од Шуто Оризари: Уште колку родилки треба да умрат, за да не слушне Тодоров?

Од:

Иницијативата на жени од Шуто Оризари со поддршка на Х.Е.Р.А, денеска, со протестен перформанс пред Министерството за здравство, бараше да се отвори ординација со матичен гинеколог. Иако, во моментот во оваа општина има околу 8 000 жени во репродуктивен период, тие веќе 2 години немаат матичен гинеколог.

Од министерот за здравство, Тодоров, тие бараат отворање на ординација којашто ќе нуди услуги на матичен гинеколог и да престане праксата на незаконски наплати за услуги, кои на пациентките им следуваат.

– Бараме Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување конечно да најдат трајно решение за нелегалните наплати коишто пациентките кои се осигурени треба да ги добиваат бесплатно. Со години наназад апелираме за проблемот на незаконската наплата која ги одвраќа најсиромашните жени да посетуваат гинеколог и да ја следат својата здравствената состојба, велат жените од Иницијативата.

Откако утрово тие протестираа пред Министерството, Тодоров ги примил и се обврзал да најде решение. На средбата, Тодоров ветил:

Итно да распише оглас за матичен гинеколог во општината и финансиска стимулација на гинекологот

– Министерот Тодоров се обврза уште денес да се распише оглас за избор на матичен гинеколог, кој во целост ќе може да одговори на барањата и потребите на над 8000 жени во репродуктивен период во општината Шуто Оризари, но и Ново Село. Како новитет е ветената финансиска стимулација на гинекологот во висина од 15.000 денари месечно, мерка која ќе трае две години, велат од Иницијативата

Тодоров се обврзал и да воведе времена мерка која до исполнување на првата, ќе овозможи целосни гинеколошки услуги

„До целосното завршување на процедурата за избор на матичен гинеколог, која се очекува да трае повеќе од два месеци, министерот се обврза да изнајде механизми за да се обезбеди целосност на услугите. Времената мерка ќе обезбеди гинеколози од ГАК кои ќе доаѓаат три пати во неделата, со целосно работно време и кои ќе бидат во можност освен советување и ехо-прегледи, да ги нудат и извршуваат сите останати услуги, како следење на бременост, издавање упати, микробиолошки наоди и слично.

По двегодишна битка за изнаоѓање на решение и отворање на ординација на матичен гинеколог кој во целост ќе може да одговори на барањата на заедницата, можеме да кажеме дека некои од овие мерки досега не покажаа соодветен резултат. Во следниот период, внимателно ќе продолжиме да ја следиме состојбата и интензитетот на остварување на мерките на кои министерот Тодоров се обврза“, се вели во соопштението на Иницијативата на жените од Шуто Оризари.

Би можело да ве интересира

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада