Протест на вработените во ЈП Македонски шуми во Тетово

Од:

Вработените на Јавното претпријатие Македонски Шуми подружница Лешница – Тетово денеска со протест во кругот на претпријатието го изразија своето незадоволство од постојаното намалување на платите, намалувањето на коефициентите и укинувањето на хранарина.

Триесетината работници велат дека платите постојани им се намалуваат но оти тоа станало особено видливо последниот месец откако потпишале нови договори.

– Денеска не информираа дека нема веќе да има хранарина, а ние претходно не знаевме за тоа. Немаме ниту најосновни услови за теренска работа како униформи и обувки, а на терен одиме со застарено возило, рече Роберт Златевски кој 15 години работи во Лешница.

Работниците најавија дека со протестот ќе продолжат додека не ги добијат своите права.

Директорот на Јавното претпријатие Македонски шуми Жарко Караџоски во телефонски разговор рече дека не е запознат со протестот на вработените и посочи дека доколку постоел проблем требало преку синдикални претставници да побараат да разговараат за нивно решавање.

Би можело да ве интересира

Игор Димески: Левица ќе направи сè, за да се институционализираат барањата на бранителите од 2001

А1он

Тошковски потврди дека советник назначен од него бил отстранет од Тетово – бара Внатрешна контрола да утврди зошто

Анита Петровска Рајковиќ

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Запалени две диви депонии во тетовско

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени

Синдикатот бара повеќе кадар во Клиничка болница Тетово, недостигаат 400 вработени

Орце Костов