Протест на пензионери од Струмица пред општинската зграда

Од:

Пензионери од Струмица денеска излегоа на протест пред зградата на Општина Струмица и уште еднаш побараа линеарно зголемување на пензиите за 3.500 денари.

Пензионерите кои замаат помали пензии се пожалија дека тие не им се доволни за да можат достоинствено да живеат.

-Јас имам пензија од 15.000 денари. Што понапред со тие пари – да ги платам давачките, да земам лекарства и за храна, а знаеме дека се е покачено. Нека се покачат пензиите барем до 20.000 илјади денари, рече Јован Јованов.

Друг смета дека треба на сите пензионери да им се покачат пензиите за 3.500 денари.

-Минималната пензија на стасува за покривање на основните потреби, затоа треба да се зголемат. Со пензијата да можеме да живееме нормален живот, а не да бидеме социјални случаи. Пензионерите 30-40 години издвојувале средства во Фондот и затоа надлежните треба да ги прифатат нашите барања, смета Никола Тренчевски.

Инаку, денеска пензионери од Струмица по трет пат протестираа за зголемување на пензиите.

Би можело да ве интересира

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

Секој петти граѓанин на Хрватска е официјално сиромашен

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он