Протест на дел од гимназијалците во Тетово за немањето организиран бесплатен превоз

Од:

Дел од учениците од втора година во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ од Тетово што ја следат наставата на албански јазик и што живеат во околните места околу градот со протест пред зградата на општина Тетово го искажаа своето незадоволство од немањето организиран и бесплатен превоз од нивните места до училиштето.

Учениците велат дека самите плаќаат за превоз со такси комбиња, но и оти дел од нивните соученици не можат самите да го платат превозот.

И по три недели од почетокот на учебната година средношколците немаат организиран превоз затоа што општина Тетово го поништила тендерот за превозниците објавен во август годинава. Според информациите од општината тендерот бил поништен затоа што сите превозници имале понудено повисоки цени за превоз  од парите што за оваа намена биле  одобрени на локалната самоуправа од Министерството за образование и наука. За ваквата одлука превозниците поднеле жалба до државната комисија за јавни набавка и се додека не добијат одговор не може да се преземат никакви мерки околу превозот на учениците посочија од општина Тетово.

Би можело да ве интересира

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Забранета за пиење е водата во четири тетовски села

А1он

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии