„Просјачка опера“ на поранешниот чешки претседател Хавел, утре на Охридско лето

Од:

Претставата „Просјачка опера“ од поранешниот чешки претседател, Вацлав Хавел во изведба на Албанскиот театар од Скопје утре ќе биде прикажана на Охридско лето.

Претставата според актерскиот тим нуди несекојдневно доживување бидејќи публиката ќе ја внесе длабоко во суштината на ова дело, кое на одличен начин ја доловува реалноста во која живееме на овие балкански простори. Режисер на претставата е најпознатиот босански режисер Дино Мустафиќ. Претставата е приказна за односите помеѓу режимот и криминалците, корупцијата и криминалот.

Иако овој текст е напишан пред многу години, и ден денес е се уште актуелен. Во него Хавел се залага за оние вредности за кои ние на Балканот се уште водиме борба, а тоа се демократијата и човековите права. Станува збор за политичка сатира.

Денес имаме демократија и повеќепартиски систем на Балканот и луѓе кои му служат на тој систем. Тоа е карактеристика за земјите во транизиција. Во таа смисла Хавел секогаш ќе биде интересен вели Мустафиќ.

Вацлав Хавел бил помеѓу ретките европски политичари кој го посетил Сараево за време на војната во Босна и Херцеговина. Главната улога во „Просјачка опера“, Мекит, шеф на криминалната банда ја толкува Џевдет Јашари.

„Да играш шеф на банда е многу интерсно, бидејќи шефот на една банда не се разликува дали е во Германија, Франција, Индија, сите имаат иста цел во животот. Ова ми е најдобрата улога во кариерата. Сите шефови на банди паѓаат под влијание на власта. Ако сакаат да живеат ќе играат по власта. Ако не сакаат да живеат ќе умрат“, рече Јашари.

Претставата ќе има превод и на македонски јазик.

Мики Трајковски

 

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски