Проштална средба на началникот на ГШ на АРМ со одбранбеното аташе на Обединетото Кралство

Од:

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески денеска оствари проштална средба со потполковникот Филип Осмент, одбранбено аташе на Обединетото Кралство во Република Македонија.

На средбата, генералот Котески му се заблагодарил на потполковникот Осмент за неговата работа и стручен ангажман, при што го истакнал неговиот придонес во продолжувањето на билатералната соработка помеѓу АРМ и Вооружените сили на Обединетото Кралство.

Должноста Одбранбено аташе на Обединетото Кралство, потполковникот Филип Осмент успешно ја извршуваше во изминатите две години.

Средбата, соопшти денеска ГШ на АРМ, била искористена за средба и запознавање со новото аташе на Обединетото Кралство во Република Македонија, потполковник Ричард Џон Пари на кого генералот Котески му посакал срдечно добредојде во Република Македонија и продолжување на соработката помеѓу двете армии.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он