Проштална средба на началникот Котески со одбранбеното аташе на САД Браун

Од:

Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески денеска имаше проштална средба со полковникот Тод Браун кој во изминатите три години ја извршуваше должноста одбранбено аташе на САД во Република Македонија.

Како што соопшти ГШ на АРМ, генералот Котески искажал признание и благодарност до полковникот Браун за неговиот професионален ангажман, кој, како што истакнал, дал соодветен придонес кон унапредувањето на соработката на АРМ со Вооружените сили на САД.

На средбата присуствувал и новоназначеното одбранбено аташе на САД во Република Македонија, полковник Џефри Предмор кој искажал подготвеност дека во наредниот период ќе ја продолжи одличната соработка меѓу двете армии.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он