А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Проштална средба на министерот Попоски со мароканскиот амбасадор Лимаме

by А1он04/02/2013 - 11:59146
Share0

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска имаше проштална средба со амбасадорот на Кралството Мароко во Република Македонија со седиште во Софија, Азиза Лимаме.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Министерот Попоски изрази задоволство од досегашната соработка и залагањето за унапредување на билатералните односи меѓу двете земји. На средбата меѓу другото, беше разговарано и за досегашниот развој на пријателските односи меѓу двете држави. Беше изразено уверување дека билатералните односи, особено на економски план, во иднина ќе бележат позитивен развој и зголемена динамика. Нагласена беше потребата од продолжување на успешниот политички дијалог, преку размена на посети на високо ниво, се наведува во соопштението од МНР.

Двајцата соговорници ја нагласиле потребата од зајакнување на правната рамка што ќе биде во функција на унапредување на односите меѓу двете држави, со посебен акцент за склучување на билатерални спогодби што ќе ја регулираат соработката во областа на економијата, културата, образованието, здравството, земјоделството и воздушниот сообраќај.

mnr

Би можело да ве интересира

Oсудa за опожарувањето на возилата во сопственост на Амбасадата на Бугарија

Предраг Петровиќ15/06/2026 - 16:03

МНР на бугарскиот амбасадор Радуков му упати усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“

Горан Наумовски12/05/2026 - 17:0412/05/2026 - 17:17

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски08/03/2026 - 08:4108/03/2026 - 08:41

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

Горан Наумовски05/03/2026 - 09:43

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:2704/03/2026 - 14:28

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

Горан Наумовски04/03/2026 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто