Проштална средба на Димитров со финскиот амбасадор Иконен

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во проштална средба го прими амбасадорот на Република Финска за нашата држава со седиште во Белград Перти Иконен.

Димитров, како што соопшти МНР, се заблагодари за личната посветеност на амбасадорот Иконен во развивањето на билатералните односи, како и неговиот професионален ангажман кон интензивирање и унапредување на соработката во различни области од заемен интерес.

– Република Северна Македонија високо ја цени поддршката и искреното пријателството од финската Влада за остварување на нашите стратешки приоритети со очекување таа да продолжи со засилено темпо, особено за време на финското претседавање со Советот на ЕУ, кое започнува на 1 јули 2019 година, потенцирал Димитров на средбата.

Посакувајќи му среќа и успех во натамошната кариера, министерот Димитров на амбасадорот му врачил благодарница за неговата посветеност и напори вложени во промовирањето на македонско – финското пријателство.

Би можело да ве интересира

Димитров: Најмалку што ЕУ ни должи е да биде јасна кон нас

Ана Ололовска

Димитров во Брисел во последен обид да издејствува датум за преговори

Ана Ололовска

За Шаленберг Скопје и Тирана треба да добијат датум, за Димитров две е подобро од една, но една е подобро од нула

Ана Ололовска

Жерновски: Професионален дипломатски кадар, не е случаен постигнатиот успех

Хависто: Финска како претседавач со ЕУ очекува одлука за преговори

Ана Ололовска

Отворен Почесен конзулат на Мексико во земјава

Ана Ололовска