Проштална средба на Димитров со амбасадорот на Полска во Република Македонија, Јацек Мултановски

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров денес оствари проштална средба со амбасадорот на Полска во Република Македонија, Јацек Мултановски.

Димитров изрази благодарност за успешниот професионален и личен ангажман на амбасадорот Мултановски во продлабочувањето на севкупните односи помеѓу двете земји, како и силната поддршка на Полска за целосна интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, притоа посакувајќи му успех во неговите идни професионални активност.

Заблагодарувајќи се за добрата и пријателска соработка, амбасадорот Мултановски нагласи дека и по неговото заминување, останува силниот интерес за натамошно интензивирање на соработката во сферата на економијата, образованието, културата и туризмот помеѓу Република Полска и Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Полска ја засилува границата со Русија: Се стравува од упад на вооружена група

Стуб го демантира „Фајненшел тајмс“ за разговорот со Путин

Туск за кризата во Полска ја обвини опозицијата, но и „руските ботови“

Туск: Судија нема да попушти пред агресивен насилник, мирот не може да се зачува преку попуштање

А1он

(ВИДЕО) Протести и судир со полицијата во Полска – премиерот Туск е обвинет за државен удар

А1он

Жените во Полска повторно се уличен протест, го обвинуваат Туск дека не го исполнил ветувањето за либерализација на абортусот