Проширувањето на листата на лекови е благодарение на СДСМ, велат од партијата

Од:

Проширувањето на позитивната листата на лекови со нови 9 лекови е благодарение на СДСМ затоа што ги започна и сите предуслови за тоа да се случи беа завршени во мандатот на СДСМ. Подобрување на пристапот до лекови, менување на позитивната листа на лекови и надополнување на листата со модерни лекови беше дел од долгорочните политики на СДСМ, велат од партијата.

„СДСМ ја отвори можност за нова, современа и поефекасна терапија за граѓаните после цели 13 години. Беше усовоен нов Правилник за ставање лек на позитивната листа, усогласен со европските правилници. Во 2023 година беше формирана и стручна комисија а претходно беше усвоени нови критериуми, кои опшфаќаа и значење на лекот од аспект на јавно здравје, вредност на лекот, фармако-еконосмки аспекти што за првпат се воведоа како новина, етички аспекти за употреба на лекот како и дополнителни податоци од референтни извори и научни сознанија за секој лек.

За граѓаните се отвори можноста за нови лекови а за фармацевтските компании можат да почнат со навремена подготовка на документацијата. Актуелната власт само го заврши процесот. Но за жал и тоа е нецелосно. Како што гледаме процесот не е комплетен, потребно е оваа листа да се интегрита и заедно со болничките лекови да се дополни“, тврдат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Молкот на власта за скандалот со 5 тони дрога е потврда дека се штитат виновните

СДСМ: Нова слика на Мицкоски – старо друштво

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски