„Прошетај во моите ЧЕВЛИ“ проект од кампањата против насилство врз жените

Од:

„Прошетај во моите ЧЕВЛИ“ е проектот што денеска ќе се реализира во Скопје во рамки на кампањата 16 дена активизам во борбата против насилството врз жените и девојките.

Проектот е во форма на приказ на женски чевли, секој пар со своја приказна. Приказот на празните чевли има двојно значење и асоцијација. Празните чевли претставуваат жени кои биле повредени или убиени, жени кои се соочиле со насилство. Празните чевли истовремено ја прикажуваат храброста на жените кои собрале сила да излезат од тој маѓепсан круг на секојдневно насилство.

Националната мрежа против насилството врз жените и семејно насилство  ќе одржи мирен протест под мотото „Стоп за насилството врз жените-16 убиени жени за 6 години! Што презедовте?“Оваа кампања, започната во 2012 година, е глобален повик за акција со цел да се стави крај на насилството врз жените и девојките ширум светот, а се повикуваат родителите, едукаторите, администрацијата, законодавците, општеството, граѓаните да се фокусираат на превенција на причините за насилството врз жените преку едукација и употреба на ефективни механизми кои ќе доведат до намалување на нсилството врз жените.

Би можело да ве интересира

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Сељами: Институционални пропусти кај семејното насилство – неопходна е итна реакција и без формална пријава

Приведени двајца кавадарчани, едниот го нападнал татко му, другиот поранешната сопруга

Катерина Ѓуровски

Пријави за семејно насилство во Крива Паланка, Куманово, Прилеп и Тетово

А1он

Го удирал со тупаници и клоци 10-годишниот син, охриѓанец осомничен за семејно насилство

Катерина Ѓуровски

Кумановец ја претепал сопругата – и скршил три ребра