Просечниот опфат на имунизација е 95 проценти

Од:

Просечниот опфат на имунизација во државата е 95 проценти. Вакцините се од Пастер од Франција, Глаксо Смит Клајн од Белгија и Булбио од Бугарија и се навистина квалитетни.

Ова денеска го изјави Јованка Костовска од Министерството за здравство, по завршување на годишниот состанок на кој учествуваа претставници од службите за имунизација, координатори за имунизација од центрите за јавно здравје, Институтот за јавно здравје и Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Теми на состанокот, кој се одржа во пресрет на Неделата за имунизација, што традиционално е од 20 до 25 април под мотото „Заштити, спречи, вакцинирај“, беа зголемување на опфатот со вакцини во државата, набрзо воведување поливалентни вакцини, начинот на кој ќе се употребуваат, што значат за децата, родителите и здравствениот систем…

Костовска посочи дека вакцинацијата како една најисплатлива превентивна јавно здравствена мерка. Одговарајќи на новинарско прашање рече дека по региони нема пад на опфатот за сите вакцини.

– Ако за една вакцина во еден регион има понизок опфат, за друга во друг регион има понизок опфат. Сепак, опфатот е 95 проценти и покрај благото опаѓање во 2014 година речиси за сите вакцини, рече Костовска.

Потенцира дека в недела (19 април) во Парк кај Школка напладне ќе се одржи промотивен настан на кој заедно со дечињата од училиштата и од Златно славејче ќе се одбележи десеттата Европската недела на имунизација и ќе се обидат да ја подигнат свеста на родителите и кај целото население дека вакцината штити од многу заразни болести, дека вакцината е право на секое дете, а родителите треба да го овозможат тоа право.

Директорката на Здравствен дом Скопје, Татјана Баевска Вучковиќ истакна дека вакцинацијата е еден од наједноставните методи за заштита од одредени заразни заболувања, како и смрт од нив.

– Високиот опфат на имунизација гарантира стабилен епидемиолошки статус и колективен имунитет. Во таа насока се залагањата на здравствениот систем во Република Македонија, на превентивните тимови во Здравствен дом Скопје, кои во 2014 година со 39 тима од нула до 18 години вакциниравме 55.000 деца на годишно ниво, што е третина од вкупниот број деца кои се вакцинираат во државата. Имаме солиден опфат од над 90 проценти, додаде Баевска Вучковиќ.

Би можело да ве интересира

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада