Пропаднат дел од кејот на реката Црн Дрим

Од:

Кејот од десната страна на реката Црн Дрим во близина на мостот на Поезијата подолго време е пропаднат, а градоначалникот на општина Струга Зијадин Села се оградува од одговорноста за негово санирање.

– Како надлежност тоа е на ЕЛЕМ, не е на општина Струга. Тие го користат коритото и го регулираат нивото на водата. Тоа е и причината зошто е пропаднат тој дел. Колку киловати електрична енергија произведува општина Аеродром каде што ЕЛЕМ финансира изградба на парк во вредност од 15 милиони евра, а не инвестира и не го регулира коритотот на реката Црн Дрим што е ризик за граѓаните, рече Села.

Реконструкцијата и одржувањето на кејот на Црн Дрим, според ЕЛЕМ, е во надлежност на општината, која треба да се грижи за безбедноста на граѓаните што слободното време го минуваат таму, но и за оние што користат урбана опрема во угостителските објекти, за што надомест зема општината.

Директорот на подружницата на ЕЛЕМ, ХЕЦ „Црн Дрим“ Тони Маркоски појасни дека според Законот за води, за штетните дејства на водата надлежни се општините.

– Ние како ЕЛЕМ за управување со водата добиваме водостопанска дозвола и според пропишан режим ја управуваме и плаќаме надомест за користење на водата. За користење на водата за производство на елетрична енергија се плаќа месечно еден процент од остварената цена на продаден киловат. Значи секој месец различно плаќаме според производството. Парите ги уплаќаме на трезорска сметка и половина одат во Министерството за животна средина и просторно планирање, а другата половина во општина Струга, истакна Маркоски.

Тој информира дека само минатиот месец уплатиле 400.000 денари од кои 200.000 биле за општина Струга.

– Ние за управување и користење на водата плаќаме надомест, а за одржување на кејовите и нивниот изглед одлучува општината и таа се грижи првенствено за безбедноста на минувачите, изјави Маркоски.

Пропаднатиот дел од кејот е обезбеден за минувачите.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза