Пропадна аферата „Делчевски ниви“ – нема обвинение за добиени ниви на поклон, а продадени за милиони на ЕВН

Од:

Падна пријавата против осомничените за „Делчевски ниви“. Основното јавно обвинителство донесе одлука за запирање на истрагата, притоа констатирајќи дека нема докази за овој предмет.

Станува збор за земјиште во Делчевско што го купила „ЕВН електрани“ 40 пати поскапо од пазарната вредност. Лицата што ѝ ги продале нивите на компанијата ги добиле на подарок неколку недели претходно. Станува збор за парцели во Делчевско и Беровско, кои биле во сопственост на четворица од вкупно седумте осомничени во истрагата.

Од седумте лица, како што објави ОЈО Скопје при отворање на истрагата лани, двајца беа осомничени како соизвршители на кривично дело – измама во службата, а другите петмина беа осомничени за помагање при извршување на кривичното дело. Но Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје тврди дека немало друг избор освен да ја прекине постапката и да ја затвори истрагата и тоа поради сменети искази на членови на Управниот одбор на ЕВН, од кој клучен е претставник на Владата. Никој од седуммината осомничени за продажба на ниви во Малешевијата за 40 пати поскапи за изградба на фотоволтаични централи – нема да одговара.

„ По анализа на кривичната пријава, исказите на сведоците, исказите на осомничените како и сите обезбедени материјални докази во текот на истражната постапка, се констатира дека од конкретната истражна постапка не прозилегуваат ниту материјални ниту вербални докази кои би го потврдиле основното сомнение дека делата кои им се ставаат на товар на осомничените се кривични дела за кои се гони по службена должност“, стои меѓудругото во наредбата за запирање на истражната постапка издадена од Основното јавно обвинителство – Скопје.

Аферата „Делчевските ниви“ започна пред две години. Истрагата на скопското обвинителството се фокусираше на тоа дека двајцата управители ги довеле во заблуда членовите на Управниот одбор за да се донесе одлука за купување на земјиштето по нереални цели. Инволвираните пак успеале на ЕВН „Електрани“ да ѝ продадат 48 парцели чија пазарна вредност била 35 000 евра, а продадени на ЕВН Електрани за 1,6 милиони евра . Дел од нивите, продавачите ги добиле како подарок речиси три недели пред да склучат зделка со ЕВН за далеку повисоки цени.

Во случајот на почетокот на истрагата беа определени и притвори на петмина осомничени, куќен за еден и мерки на претпазливост за уште еден од осомничените.

По правосилноста на одлуката за запирање на постапката, ќе бидат одмрзнати и парите кои беа замрзнати на сметките на до неодамна осомничените продавачи.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

Ниту една пријава до обвинителство за изборите – изборниот ден мина мирно

Анита Петровска Рајковиќ

Обвинителството чека извештај за претресите во Идризово, официјална потврда за ископаните тунели се уште нема

Татко ги терал децата да питачат, а парите ги трошел во казино – доби пријава

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Обвинителството задоволно од пресудата во случајот со грабнувањето на Костадиновски

Орце Костов

Обвинителство: Институциите да се воздржат од споделување информации, убиецот на докторот од Железара не е откриен

Орце Костов