Прооден патниот правец до селата Раборци, Попчево и Рич

Од:

Екипите на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ помогнати со механизација од локалните компании го исчистија снегот од патниот правец до селата Раборци, Попчево, Рич и браната „Водоча“, соопштија од Општина Струмица.

Овој патен правец е прооден, а со тоа и учениците од шесто до деветто одделение од овие населени места непречено од денес ја следат наставата во Основното општинско училиште „Маршал Тито“ во Струмица.

Инаку, сите патишта во општина Струмица се проодни. И покрај тоа службите се на терен. Ја контролираат состојбата и интервенираат каде што има потреба.

Екипите на ЈПКД „Комуналец“ и денеска работат на улиците во градот на целосно расчистување на снегот од коловозите, тротоарите и јавните површини.

На улиците во горниот дел од градот, каде што не можат да влезат машините за чистење на снегот, рачно се фрла сол.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски