Пронаоѓачите го бранат Рашковски: Ја почестил државата што го пласирал софтверот тука, треба да го поддржиме

Од:

Од Националната асоцијација на пронаоѓачи на Македонија реагираат по однос на нападите кон нејзиниот пронаоѓач Проф. Д-р Драги Рашковски од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ околу неговиот патент од областа на безбедност на сообраќајот, кој освои голем број на највисоки признанија на саемите ширум светот, а ќе настапи на уште најмалку седум саеми.

„Почитувани, ја цениме вашата загриженост за пронаоѓаштвото во нашата држава. Но би сакале да Ве потсетиме, во 2006 год. во тогашната Република Македонија имавме 340 домашни патентни пријави за да во 2016 овој број драстично и се намали на само 29 домашни патентни пријави. Вашата грижа за пронаоѓаштвото не донесе во затворен партиски кафез.

Од тие причини е формирана Национална Асоцијација на Пронаѓачите на Македонија (НАИМ) со чие основање, на нашите пронаоѓачи им отворивме светски пат, за нивно претставување на скоро сите континенти. НАИМ за многу кус период успеа да стане светски признаена организација и полноправна членка на ИФИА (Светска Федерација на Иноваторски Асоцијации).

Би сакале и да напомнеме дека, патентите се правна категорија, со која авторите (носители на патентните права) имаат монополско право на располагање и одлучување врзани за нивниот патент. Исто така треба да се знае, дека патентите не подлежат на тендери. Патем кога се работи за ваков вид на патентирана безбедносна опрема, таа може да се продаде само на институции кој се за тоа надлежни или на друга компанија (а во тој случај, истата би требале да ја увезуваме) ваква опрема не може да се продаде на Бит пазар.

Ако нашиот пронаоѓач Проф. Д-Р Драги Рашковски и укажал чест на нашата држава и да истиот го пласира тука, треба да го подржиме а не да го плукаме. Да одевме по патот на Вашите сваќања на пронаоѓаштвото, не ќе стасавме до никаде, а камоли да бидеме почитувана светски признаена Асоцијација и полноправна членка на ИФИА.

Апелираме до сите партиски организации да своите препукувања, не ги прават на штета на пронаоѓаштвото, сега сме во 2021 година, а не 1903 ,светот оди напред, а ние мораме да го следиме,“ се вели во соопштението од Националната асоцијација на пронаоѓачи.

Би можело да ве интересира

Рашковски доби куќен притвор и забрана да комуницира со тројца од обвинетите во „Софтвери“

Осум години затвор за перење пари, местење тендери за Рашковски – Пресуда за „Софтвери“

Анита Петровска Рајковиќ

Рашковски за „Софтвери“: Кај мојот патент камерите може да бидат во движење

Горан Наумовски

Рашковски: Можеби е комплетно погрешна перцепијата дека позади дојавите за бомби стои некои човек, група или организација

Горан Наумовски

Судењето за „Софтвери“ продолжува на 14 март

Ана Ололовска

Вештак од областа на информатички технологии сведочеше за „Софтвери“

Ана Ололовска