Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани врши увид на локација каде е пронајдено тело на почината жена, соопшти ЈОРСМ.
До овој момент починатата не е идентификувана. Ќе биде наредена обдукција, а причините за смртта се уште не се утврдени.
– Денеска (21.03.2026) во СВР Штип е пријавено дека околу 10:40 часот во с.Зрновци, во место викано Ѓошевски орев, во близина на зрновска река, е пронајден човечки леш, во фаза на распаѓање. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВРќ
Претходно, лоаклните медиуми од тој регион јавија дека телото на почината жена е пронајдено во близина на кочанското село Зрновци, а неофицијално се работи за насилна смрт.
