Пронајдено оружје кај жител на Арачиново

Од:

Автоматска пушка со една рамка со 29 куршуми, пиштол „Глок 19“ со три рамки и 63 куршуми калибар 9 мм, денеска беа пронајдени и одземени од домот на жител на Арачиново скопско.

Како што соопшти МВР, врз основа на наредба од Основен суд Скопје 1, во координирана акција помеѓу Одделот за криминалистичка полиција и Единицата за недозволена трговија со одрога и оружје при СВР Скопје, бил извршен претрес во домот на Б.Н. од с.Арачиново, скопско. При претресот биле пронајдено и одземено оружјето.

Б.Н. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари