Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Од:

Пронајдени се 350.000 евра соѕидани во домот на родителите на судијата Ѓоко Ристов од Апелациски суд во Скопје осомничен за Противправно стекнување и прикривање имот. Се работи за една од најопсежните истраги поради сомненија за висока корупција во државава поткрепена со информации и известувања од Агенцијата за национална безбедност.

Како што соопшти Обвинителството, во рамки на опсежна истрага на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција иницирана откако на 14 декември бил осомничен адвокат поради сомненија за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, во континуитет интензивно се преземале дејствија што резултирале со проширување на постапката и кон судија од Апелацискиот суд во Скопје, осомничен за Противправно стекнување и прикривање имот за кој постојат сомненија дека е прибавен меѓу другото со дејствија на корупција и трговија со влијание.

Всушност се работи за сомневањето дека парите ги зел како мито од адвокатот во притвор Феми Стафа, кој, пак, му ги дал во име на обвинетиот бизнисмен Љупчо Пецов викан Ѓаволот, кој до неодамна беше во бегство.

– Врз основа на наредба што јавниот обвинител ја побара и обезбеди од надлежниот суд денеска беше извршен детален претрес на локација во Неготино, во домот на родителите на сега осомничениот судија, каде соѕидани во простор во ѕидот до овој момент се пронајдени 350.000 евра за кои постои сомнение дека биле незаконски стекнати и прикриени. Претресите и другите истражни дејствија продолжуваат, а јавноста ќе биде известена за натамошниот тек на постапката, се вели во соопштението.

Оттаму потенцираат дека станува збор за една од најопсежните истраги поради сомненија за висока корупција во нашата држава досега, која, посочуваат, е поткрепена со информации и известувања од Агенцијата за национална безбедност.

– Дејствијата координирани од јавниот обвинител ги преземаат припадници на Одделот за борба против организиран криминал при Министерството за внатрешни работи и Управата за финансиска полиција, чија посветеност и професионален интегритет придонесе за успешно разоткривање и обезбедување докази за еден од најсериозните и најсложените облици на криминал, информира Јавното обвинителство.

Ѕидовите и натаму се прекопуваат, се бараат уште пари на Ристов, кој е еден од многуте судии за кои постои сомневање дека земал мито од странки за да ги ослободува од притвор или да не им дава казни, да дава олеснителни околности, да чува предмети и се што треба за високи суми на пари.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

Левица: ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Предраг Петровиќ

Стојаноски: Филипче и Заев преку државните институции и правосудството под нивна команда, сакале за багателна цена да ја земат клиниката Жан Митрев

Лишени од слобода две лица од Марена, во „мерцедес“ носеле огревни дрва без документи

Левица: Имотот на газда Деко повреден од згаснатите млади животи во Кочани – виновните тужат, државата бега од одговорност

На Инфективна почина 69-годишен пациент поради компликации од грип