Пронајдени хероин и марихуана во Битола, приведен дилер

Од:

Приведен е дилер на марихуана и хероин од Битола, на кој му е одреден притвор, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Денеска ( 03.03.2022) полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Битола го лишиле од слобода З. К.(36) од Битола и поднесена му е кривична пријава по чл. 215 ст 1 од КЗ.

Имено, при претрес во објект во непосредна близина на куќата на пријавениот во Битола пронајдени се 107,46 грама хероин и 33.37 грама марихуана и три дигитални ваги со траги од хероин, кои му припаѓале на З.К..

На пријавениот од страна на судија на претходна постапка одреден му е притвор во траење од 30 дена“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи

МВР: Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

Полицијата трага по 22-годишен разбојник кој ограби фризерски салон во Битола

26-годишна жена од Битола осомничена за обид за убиство на нејзините баба и дедо

Горан Наумовски