Пронајдени гранати од Втората светска војна

Од:

Дваесет и седум парчиња артилериски гранати од 75 мм, 20 парчиња артилериски гранати од 40 мм, три минофрлачки мини од 60 мм и пет парчиња артилериски противавионски куршуми 20 мм, од Втората Светска Војна, пронајдоа утрово пиротехничарите од Дирекцијата за заштита и спасување покрај железничката пруга во Куманово, на истото место каде што пред девет дена, беа пронајдена повеќе парчиња гранати и мини од тој период.

Пиротехничарот од ДСЗ Куманово Гоце Илиќ информираше дека четири дена го пребаруваат теренот по претходна пријава на работници кои вршеле ископ за пруга и по барање на железници.

Пронјадените парчиња, првин ќе бидат однесени на безбедно место, а потоа ќе бидат уништени на Криволак.

-Гранатите се во исправна состојба, херметички се затворени иако се кородирани, изјави, пиротехничарот од ДЗС од Скопје Марјан Стефановски.
На оваа локација од 7 октомври до денеска пронајдени се близу 70-тина парчиња гранати и мини од Втората Светска Војна.

Би можело да ве интересира

Комеморација за Денот на геноцидот врз Ромите во Втората светска војна

Ана Ололовска

Во Вевчани пронајдена рачна бомба од Втора Светска Војна

Пронајдени гранати од Втората светска војна

Ана Ололовска

Одбележани 74 години од првата жртва во Македонија во Втората светска војна

Ана Ололовска

Македонија им оддаде почит на жртвите во Матхаузен

Ана Ололовска

Одбележани 70 години од Првата конференција на АФЖ на Македонија

Ана Ололовска