Пронајдени две семејства од странство кои се загубиле во мариовско

Од:

Две семејства од странство со четири деца кои патувале со два автомобила поpаднево биле пронајдени отkако на бројот 122 стигнал повика дека луѓето залутале и се заглавиле со возилата поради лошите времнски услови информираат од Центарот за управување со кризи.
– Семејствта залутале, а потоа и заглавиле на планински пат со возилата, сакајќи да го заобиколат патот Росоман – Прилеп кој беше блокиран поради голем одрон велат од ЦУК.

Тие биле заглавени на планински пат помеѓу Рожден и Витолиште, во мариовскиот крај каде што е границата меѓу неколку општини.

Се работи за две возила од кое едното е од Литванија. Во нив имало петмина возрасни и четири деца. Двете возила биле заглавени независно едно од друго на растојние од 100 до 200 метри, едно зад друго.

Дежурните оперативци од РЦУК Велес постојано биле во комуникација со семејствата. По неколку часа теренско возење тим на МВР ги пронашол и се очекува за неколку часа да бидат извлечени.

Би можело да ве интересира

На патниот правец Тетово-Бањиче има падната голема карпа на коловозот

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава

ЦУК: Поплавени се ниви, дворови, куќи и магацини, регистрирани се мали одрони на одредени патни правци

ЦУК: Нема позначителни врнежи, а водостоите на реките се во опаѓање

ЦУК алармира: Дождовите предизвикаа сериозни проблеми низ земјава

Горан Наумовски

ЦУК: Поплавени се земјоделско земјиште, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање на јаболка во Ресен