Пронајдени деца кои се изгубиле на Водно

Од:

На Единствениот број за итни случаи 112, вчера била добиена пријава за залутани деца во пределот на Средно Водно кои преку земјан пат сакале побрзо да стигнат во градот, но се изгубиле, соопшти Центарот за управување со кризи. Веднаш била известена полицијата и по релативно кусо децата се најдени во добра здравствена состојба и се превезени до нивните домови во Скопје.

Според последниот 24-часовен извештај на ЦУК, од вкупниот број 1.522 повици на бројот за итни случаи 112, „реални“ повици за итни случаи биле 33,84%, а 66,16% други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни.

Согласно природата на настаните, преку ЦУК кон полиција биле упатени 50,80% од повиците од 112, кон Итната медицинска помош 37,97%, а кон пожарникарите биле упатени 7,49%.

ЦУК информира и дека викендов имало 25 пожари на отворено – во саботата 21 и четири пожари вчера, и тоа во Битола, Прилеп, Крушево и Куманово.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Нема позначителни врнежи, а водостоите на реките се во опаѓање

ЦУК алармира: Дождовите предизвикаа сериозни проблеми низ земјава

Горан Наумовски

ЦУК: Поплавени се земјоделско земјиште, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање на јаболка во Ресен

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица