Портпаролот на СВР-Велес Анита Стојковска денеска потврди дека вчера околу 12.05 часот е пријавено дека во објект во Кавадарци е пронајдено мртво женско тело.
– Во текот на денот излезено е на самото место и извршен е увид од јавен обвинител, увидна екипа и лекар кој при прегледот констатирал смрт по насилен пат. Се работи за лице родено 1964 година. Заради утврдување на причините за смртта наредена е обдукција.
– Поради сомневање дека едно лице е поврзано со случајот, тоа е приведено во полиција и е задржано, информира денеска Стојковска.