26-годишна девојка ноќеска била пронајдена избодена во подземна гаража на улицата „Миле Поп Јорданов“ во Скопје.
Од МВР информираат дека младата девојка била пронајдена со убодна рана во градите.
Според нив девојката била во полусвесна состојба. Покрај неа биле пронајдени, нож, непозната течност и шприц.
Девојката веднаш била пренесена во болница.
Полицијата работи на расчистување на случајот.