Пронајдена e 37-годишната бугарска државјанка која синоќа исчезна на Шар Планина

Од:

Во текот на вчерашните вечерни часови, од ПС Попова Шапка беше пријавено исчезнување на 37-годишна државјанка на Република Бугарија, која била дел од група од четири странски државјани упатени кон Титов Врв.

Трите лица од групата се вратиле во вечерните часови, при што констатирале дека жената не се вратила со нив и дека немаат информации за нејзината локација. По пријавувањето, веднаш беше започната потрага.

Центарот за управување со кризи во текот на целата акција ја координираше потрагата со надлежните институции и екипи на терен, со цел што побрзо пронаоѓање на исчезнатото лице.

Во потрагата беа ангажирани припадници на Специјалните единици од Скопје, ПС Попова Шапка, ЈУНП „Шар Планина“ и ДЗС – ПО Тетово. Беа употребени и два дрона со термални камери, а во потрагата се вклучија и полициски хеликоптер „Бел 212“ и спасувачки тим од САЕ „Тигар“. Денеска во 14.50 часот, исчезнатата жена е пронајдена во село Горна Лешница, во добра здравствена состојба.

Би можело да ве интересира

Голема потрага по планинарка од Бугарија – исчезна на Попова Шапка

Пронајдена е жената што беше пријавена за исчезната во Куманово

Пронајдена исчезнатата Македонка во Грција – се качила во погрешен автобус

Анита Петровска Рајковиќ

Исчезна малолетничка од Ѓорче Петров

Се трага по изчезната 37-годишна жена од пехчевско

Жарко Настоски

Телото најдено во Вардар е на исчезнатата жена од Драчево