Пронајдена дрога вредна околу 20.000 евра при претрес во Велес, приведен дилер

Од:

По наредба од судија на претходна постапка, полициски службеници од СВР Велес – Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје, а по претходна координација со Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Бирото за јавна безбедност, извршија претрес на куќа и помошни простории на Н.Ц. (28) од Велес информира Министерството за внатрешни работи.

При извршениот претрес, во дворот на куќата пронајдени се пет поголеми пакувања во кои имало по околу еден килограм марихуана- вкупно околу пет килограми,а биле закопани во дворот. Марихуана била пронајдена и во неговото патничко моторно возило „форд фиеста“ и во соба во куќата, каде покрај марихуана се пронајдени и капсули и околу 50.000 денари, за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога. Н.Ц. е приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.215 до ОЈО Велес.

Би можело да ве интересира

Уапсен професор од средно училиште во Скопје, сексуално вознемирувал ученичка

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука