Пронајдена дрога во тетовско, приведени три лица

Од:

На 5.9.2022 во 22 часот на регионалниот пат Тетово-Скопје, кај клучка Групчин, полициски службеници од pолициското одделение Групчин уапсиле двајца малолетници од Тетово и еден малолетник од с.Голема Речица, тетовско.

При преглед кај лицата и во возилото „сеат ибица“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал малолетникот од Голема Речица, кај едниот малолетник од Тетово биле пронајдени марихуана, пиштол „Woltra Combat“ калибар 9 мм без документи и една дробилка.

Лицата биле приведени во полициска станица и во присуство на нивните родители со нив бил извршен службен разговор.

По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Полициски претреси во Скопје и Куманово, запленета е голема количина на амфетамин, уапсени се неколку лица

Горан Наумовски

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

(ВИДЕО) Запленети над два тона сув цвет од канабис од објект на фирма во Зелениково

„Њујорк тајмс“: Маск се дрогирал многу повеќе отколку што претходно се знаеше

Горан Наумовски

Европол: Запленети 780 килограми кокаин, уапсени 14 лица во три земји

А1он

Големо апсење во Хрватска