Европол: Запленети 780 килограми кокаин, уапсени 14 лица во три земји

Од:

Полициската агенција на Европската унија, Европол, денес објави дека се запленети повеќе од 780 килограми кокаин и дека 14 лица се уапсени во операција спроведена во Белгија, Германија и Италија.

Во операцијата учествуваа властите на Белгија, Германија, Италија и Швајцарија, како и Евроџаст, агенцијата на ЕУ за соработка во областа на правдата.

Единаесет лица беа уапсени во Белгија, две во Германија и едно во Италија. Се наведува дека биле претресени 11 куќи и откриена е подземна лабораторија.

Трансконтиненталната криминална мрежа била предводена од италијанско семејство кое било во контакт со добавувачи во Колумбија и хемичари во Белгија, се вели во соопштението.

Групата, која била вклучена и во трговија со хероин и во перење пари, увезувала големи количини кокаин паста, испратени од Колумбија до европските пристаништа.

Во Европската Унија, се чувало во магацини во Белгија, кои се користеле како лаборатории за процесот на синтеза, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Македонец фатен со 68 килограми кокаин во Франција

А1он

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар