Утрово околу 9 часот на ул.„Џон Кенеди е пронајдено убиено лице, информираат од полицијата.
Во просториите на фирмата „Паштрик промет лоцирана на ул.„Џон Кенеди„ во Скопје, пронајден е убиен Никола М.(65) од Скопје, кој имал задобиено повеќе огнострелни повреди нанесени од огнено оружје, по целото тело.
На местото на настанот излегоа увидна екипа од СВР Скопје, Истражен судија,Јавен обвинител и стучно лице од Судска медицина.
Пронајдени се траги слични на крв и чаури кои се земени за вештачење, а телото на починатиот по наредба на Истражниот судија е предaдено за обдукција.
Се уште нема информации за строителите или пак мотивите за убиството. Полицијата најавува мерки за расчистување на случајот.