Пронајден машки труп под браната на вештачкото езеро во Прилеп

Од:

Под браната на вештачкото езеро во Прилеп денеска околу 14 часот пронајден е машки труп. Чуварот на браната го пронашол трупот и ги информирал полицијата и итната помош.

Заменик основниот јавен обвинител Ристо Шошески направил увид на лице место и според првичните информации станува збор за маж на 36-годишна возраст од Прилеп со иницијали Р.В.

Според Гоце Јонзоски, началник на службата за итна помош, телото било со видлива повредна на главата.

– Наверојатно смртта настапила во раните утрински часови, но засега ништо со сигурност не може да се каже додека не се изврши обдукција, вели Јонзоски.

Чуварот на браната уште изутрината околу 8 часот кога ја почнал смената, забележал торба на браната. Околу 14 часот торбата се уште стоела на браната и по обиколката го забележал машкиот труп.

Како што вели заменик јавниот обвинител Шошески, во џебот од пантолоните на починатиот пронајдена е лична карта, но идентификацијата допрва ќе се утврди, а со обдукцијата и причините за смртта на 36-годишниот прилепчанец.

Увид на лице место направи и прилепската полиција.

Би можело да ве интересира

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски