Пронајден кокаин, приведен дилер од Скопје

Од:

На ул.„Букурешка“ во Скопје синоќа во 19.30 часот полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го лишиле од слобода Г.Ѓ.(29) од Скопје.

При претрес во негов стан, извршен со судска наредба, соопштија денеска од МВР, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со кокаин.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес