Пронајден хероин во Гевгелија, приведени пет лица

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека при претрес на дом во Гевгелија бил пронајден хероин.

„Денеска (22.09.2021) полициски службеници од ОВР Гевгелија и СВР Струмица, по претходно добиена судска наредба, извршија претрес на дом и помошни простории кај В.Д. (39) во Гевгелија. При претресот биле затекнати В.Д., Н.Ј. (43), В.П. (40), М.С. (41) и Б.Џ. (36), а бил пронајден хероин и други предмети со остатоци од хероин. Поради основи за сомневање за сторено кривично дело по чл. 215 и 216 од КЗ, лицата се лишени од слобода и спроведени во ОВР Гевгелија,а по документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина