Пронајден е машки труп во распаѓање во Бардовци

Од:

Машки труп во распаѓање пронајден во канал за наводнување во село Бардовци.

Како што соопшти МВР, вчера околу 9 часот било пријавено дека во атарот на село Бардовци-скопско, во канал за наводнување на нивите во правец кон реката Лепенец, бил пронајден машки труп во фаза на распаѓање.

На местото на настанот излезено било од страна на полициски службеници од СВР Скопје, Јавен обвинител, лекар од Итна медицинска помош и лекар од судска медицина. Извршен бил увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Осуденикот од „Бардовци“ е осомничен за убиство на цимер од болницата

Се бара притвор за пациентот од „Бардовци“ кој уби маж кој се лекувал во болницата

Под контрола пожарот во Геге и дел од дворот на Психијатриската болница Бардовци, пациентите и персоналот евакуирани

Катерина Ѓуровски

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Тепачка во болницата „Бардовци“, претепани се двајца скопјани