Промовирано заедничко издание на македонски и албански историчари

Од:

Зборник со 12 научни трудови „Охридско-дебарското септемвриско востание од 1912“ е меѓу изданијата што денеска ги промовираше Институтит за духовно и културно наследство на Албанците.

Тој е резултат од научна конференција одржана пред две години по повод еден век од историскиот настан, која е прво заедничко истражување меѓу Институтот за духовно и културно наследство на Албанците и Институтот за национална историја.

Промовирајќи го Зборникот, објавен на македонски и на албански јазик, историчарката Наташа Котлар-Трајкова рече дека востанието било значаен настан од револуционерната историја и на македонскиот и на албанскиот народ.

Целта на промените што настанале на Балканскиот Полуостров и во Османлиската империја по Младотурската револуција од 1908 година била дефинитивно истиснување на османлиската држава од Балканот.

– На Охридско-дебарското востание треба да се гледа како на историски настан кој е производ на внатрешните, регионални прилики и на надворешните политички и воени влијанија и интереси во конкретниот историски период, рече Котлар-Трајкова.

Заедничкиот проект на двата института го поздрави министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, оценувајќи дека историчарите може да најдат заеднички точки во историјата кои ги зближуваат Македонците и Албанците и дека научно може да затворат некои отворени прашања.

– Ова може да и служи и на државата зашто на ваков начин се дава придонес и во меѓуетничките односи и во надминување на прашања кои некогаш ги отвораат политичарите. Сметам дека историчарите може да создадат текст за заедничка историја доколку не биде вмешана политиката. Како министер, доброволно се откажувам од сите мои надлежности, барем за предметот историја, да не се мешам освен во административните постапки. Доколку политиката не се меша во составување вакви предмети, мислам дека тоа може да се надмине, изјави Адеми.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза