А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Промовирани 40 најуспешни доктори според сработеното за јануари

by А1он01/03/2013 - 15:52195
Share0

Решенија за парична награда од 30.000 денари денеска им беа врачени на 40 најдобри доктори за јануари согласно проектот за плаќање по успешност и согласно проектот на Владата за наградување на 100 најдобри доктори.

Добивај вести на вибер

Решенијата на докторите им ги врачи министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека тие 40 доктори од денеска се во клубот 100 најдобри доктори.

– Очекуваме секој месец овој број да се зголемува како резултат на поголемиот број освоени бодови и поголемата ангажираност на поголем број доктори и на тој начин да дојдеме и до бројката од сто доктори за еден месец кои ќе бидат наградени и ќе биде парично валоризирана нивната пожртвувана работа за подобрување на здравствените услуги и работата која како доктори ја вршат за здравството и за пациентите, посочи Тодоров.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека станува збор за квартална исплата, а пресметката се врши секој месец.

– Тоа е така дефинирано и во Колективниот договор без оглед на тоа што на три месеци, односно на квартална основа ќе има исплаќање на платата по успешност, ние се одлучивме како една нова стимулативна мерка да си продолжиме со проектот за избор на најдобри сто лекари и во тој период меѓу исплатата на платата по успешност, да исплатуваме само награди. Во овој период за јануари, февруари и март ќе бидат исплатувани само награди на оние кои ќе бидат избрани за најдобри доктори, истакна Тодоров и додаде дека на тој начин сакаат да покажат дека мерката е повеќе стимулативна отколку дестимулативна.

Во врска со тоа кои други критериуми освен плаќањето по успешност биле земени предвид, рече дека тие се внатре во системот за плаќање по успешност.

– Не ја земаме само финалната оценка од плаќањето по учинок значи коефициентот, туку го земаме и вкупниот број интервенции кои се извршени и бројот на сложени интервенции. При тоа не земаме некои полесни или често повторливи интервенции за да не се добие погрешна слика односно за да ги добиеме оние кои постојано и пожртвувано давале што е можно поголем број услуги и помогнале на што е можно поголем број пациенти. Има и други критериуми кои ги гледаме, меѓу кои се учество на обуки итн., нагласи Тодоров.

Доктор Виктор Камиловски од Клиниката по хирушки болести „Св Наум Охридски“ кој е меѓу 40-те најдобри доктори за јануари рече дека му е чест и задоволство наградата, односно влегувањето во клубот на стоте најдобри доктори.

– Сакам да им порачам на колегите дека наградата не претставува само бенефит за нас докторите, туку најголемиот бенефит, крајниот резултат го имаат пациентите бидејќи ние со континуираниот ангажман кон нив, со бројот на операции, сложеност на операциите, но и амбулантските прегледи, им овозможуваме да го добијат она што го заслужуваат, рече Камиловски.

Наградените доктори се од Клиниката по хирушки болести „Св Наум Охридски“, Градската општа болница „8 Септември“, клиниките за урологија, за кардиологија, за неврологија, за очни болести, за кожно-венерични болести, за радиологија, за стоматологија, Детска хирургија, Детската клиника, од болниците во Велес, Гостивар, Куманово, Охрид, Тетово, Прилеп, Струмица, Штип.

zdravstvo

Би можело да ве интересира

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

Горан Наумовски27/03/2025 - 20:30

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Горан Наумовски09/03/2025 - 17:14

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Предраг Петровиќ28/02/2025 - 17:51

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски30/01/2025 - 12:2530/01/2025 - 15:04

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството

Горан Наумовски18/12/2024 - 16:06

Поголеми плати во здравство, потпишан Анекс на Колективниот договор

Горан Наумовски06/12/2024 - 13:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен