Промовирана платформата „Еден појас – еден пат“ за соработка со Кина во областа на високото образование

Од:

Прв Меѓународен форум за политиката „Еден појас – еден пат“ со посвета на странските директни инвестиции во Централна, Источна и Југоисточна Европа се одржа денеска на Правниот факултет во Скопје во соработка со Конфуциј институтот.

Проректорката на УКИМ Билјана Ангелова истакна дека Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ има петгодишна соработка со Кина, а Конфуциј институтот во рамките на УКИМ постои веќе пет години.

– Од оваа година започнуваме со една нова иницијатива која ќе оди преку овој Институт, а од која ќе има огромни придобивки за Универзитетот. Тоа е платформата „Еден појас – еден пат“, платформа која ја промовира Република Кина за економска, бизнис, академска и културна соработка со земјите од Централна и Источна Европа, рече Ангелова.

Таа посочи дека практично со денешниот форум отпочнуваат активностите во рамките на соработката со Кина во оваа платформа. Ќе следат уште низа активности кои ќе бидат имплементирани годинава. Тоа е размена на студенти меѓу нашиот Универзитет и Универзитетот за економија и финансии во Ченг Ду со којшто сме партнери. Следат летни кампуси во текот на ледниот период којшто Универзитетот, односно Економскиот факултет, Правниот факултет и Економскиот институт кои ќе ги организираме во Конгресниот центар во Охрид каде што ќе бидат поканети професори и студенти од Кина да учествуваат во рамките на овие летни школи, рече д-р Билјана Ангелова, проректор на УКИМ.

Нагласи дека од септември следуваат нови активности, а тоа е размена на студенти кои ќе го посетуваат Југозападниот универзитет за економија и финансии во Кина и возвратни посети на професори од тој Универзитет на УКИМ. Предвидени се и заеднички истражувања во сферата на економските, правните и хуманистичките науки кои ќе отпочнат од октомври и ќе продолжат во текот на наредната година.

Потпретседателот на Советот на Југозападниот универзитет за финансии и економија од Кина проф. д-р Оу Бинг се осврна на значењето на платформата „Еден појас – еден пат“ од аспект на унапредување на соработката во областа на образованието, но и во однос на развојот и економската соработка.

– Југозападниот универзитет за финансии и економија на Кина инвестира три милиони јуани за стипендии за странски студенти за поддршка на нивното студирање, а се надевам дека меѓу нив ќе има и студенти од вашиот Универзитет, рече Бинг.

Тој истакна дека нивниот Универзитет секоја година организира летни кампови за странски студенти за запознавање со Кина.

Југозападниот универзитет за финансии и економија е со седиште во Ченг Ду кој е главен град на провинцијата Сечуан, четврта по големина во Кина со популација од 87 милиони жители. Во Ченг Ду живеат 15 милиони жители и се смета за бизнис, економски и административен центар на југозападна Кина. Овој Универзитет е основан 1929 година од Народната банка на Кина.

Би можело да ве интересира

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Втор уписен рок за прва година на УКИМ, слободни места има на речиси сите факултети

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина