АД „Македонска пошта“ денеска ја промовираше новата поштенска марка посветена на композиторот, диригент и албански етномузиколог Лоренц Антоти.
Директорот на „Македонска пошта“ Фадис Реџепи потенцира дека со оваа поштенска марка се вклучуваат во означувањето на 25-годишнината од смртта на Лоренц Антони.
Тој информира дека поштенската марка на тема музика, издадена е во тираж од 7.000 примероци, со вредност од 20 денари. Автор е Луран Куфало од Бирото за филателија на „Македонска пошта“.
На церемонијата присуствуваше и ќерката на Лоренц Антони, Вилма Антони-Бејтулаху.
Лоренц Антони е роден во 1909 година во Скопје, а почина во Приштина на 21 октомври 1991. Тој е еден од најпознатите композитори и етномузиколози кај Албанците.