Промовирана лабораторија за генетика и персонализирана медицина во болницата „Филип Втори“

Од:

Лабораторија за генетика и персонализирана медицина е промовирана денеска во Специјалната болница за кардиоваскуларни болести „Филип Втори“.

Станува збор за нови молекуларни и генетски тестови со кои ќе може да се откријат предиспозиции за развивање срцеви болести, предиспозиции кон коагулопатии кај бремени жени при хормонска терапија и ин витро оплодување, дебелеење и препорака за начин на исхрана, реакција и несакани дејства на лекови (фарматогенетика).

Покрај тоа, ќе се прават тестови за персонализирана терапија на рак и наследност на рак, секвенционирање на цел геном и цел егзом, ќе се откриваат генетиски болести кај плод после после 10-тата недела од бременост со неинвазивни методи (земање крв од мајката) и молекуварна детекција на инфективни болести.

– Огромен е исчекорот во дијагностиката на канцер, каде на база на генетските испитувања може однапред да се знае на какви предиспозиции пациентот е склон. Може да се одреди генетската предиспозиција дали организмот на човекот е погоден за спортот кој го избрал и да добие препорака за каков вид спорт е прилагодена неговата мускулатура. Лабораторијата е достапна не само за болни туку и за здрави луѓе, истакна денеска на прес-конференцијата доктор Жан Митрев, основачот, сопственик и директор на болницата.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека едно испитување може да чини 1.500 и 2.000 евра и зависи од пакетот односно колку е опсежноста на испитувањето.

Иван Конгуловски од Биоинжинеринг Доо, рече дека првичниот основен пакет чини 9.900 денари.

– Имаме шест мутации на гени поврзани со дебелина и начин на исхрана и тип 2 дијабетес и тоа чини 12.000 денари. Едно од наинтересните испитувања кои планираме да ги правиме е персонализираната генетика, што е всушност основата на персонализираната медицина. Нашиот тим ќе бидат прв во Република Македонија кој ќе го секвенционираат целиот геном.

Би можело да ве интересира

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски